Младиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“, Немања Вуковиќ (22) трагично загина во понеделникот, 6-март 2023 година во вечерните часови на автопатот Шид-Белград, кога откако удрил во заштитната ограда со својот автомобил излегол од него, а на момчето налетал автобус и го усмртил.
Несреќниот пејач на своите Инстаграм приказни непосредно пред смртта, објавил снимка која е снимена наводно пред да се случи самата несреќа.
Немања го слушал Џеј и песната „Животе, жено без морал“. Стиховите како да наговестувале трагедија: „Милион солзи, а јас еден, додека ја гушкам темнината, се прашувам дали овој живот е вреден …“?
Немања е по потекло од Фоча, а се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ на 18 -годишна возраст, по што неговата кариера тргна по нагорна линија.
Фото: Инстаграм принтскрин/nemanjavukovicc