Промотер

„Стиховен калибар“ и Горан Трајкоски со песна против загадувањето и власта и нејзините олигарси, ги отераа… „Све у ПМ“ (ВИДЕО)

„Стиховен калибар“ и Горан Трајкоски со песна против загадувањето и власта и нејзините олигарси, ги отераа… „Све у ПМ“ (ВИДЕО)

Музиката, и уметноста воопшто, е еден од најдобрите начини да се изрази незадоволството од општественото (не)уредување, а токму тоа го прави и „Стиховен калибар“, кој минатата година се врати на сцената по пауза од шест години.

Освен повратничкиот дует со Јана Бурческа за „Содом“ и жестоката критика кон модерните робовладетели – „Проклетија“, мултиталентираниот автор лани ја издаде и книгата  „Ни лук јак, ни лук мирисал“.

А сега, на ред дојде и најгорливиот проблем што се јавува секоја година во екот на грејната сезона – загадувањето на воздухот. „Зголеменото ниво на ПМ честички беше причина за еколошката песна која преставува остра критика против сите загадувачи“, вели музичарот за своето најново музичко парче, кое го сними во соработка со колегата Горан Трајкоски, чиј потпис стои на музиката, миксот и мастерингот, додека стиховите се, секако, на „Стиховен калибар“.

Сето тоа собрано под симболичниот наслов „Све у ПМ“ можете да го слушнете во продолжение.

Извор: РадиоМК

To top