Радио Милева

Стигна пресудата: Таткото на познатата пејачка беше обвинет за злоставување – судот сега одреди дали е виновен

Стигна пресудата: Таткото на познатата пејачка беше обвинет за злоставување – судот сега одреди дали е виновен

Таткото на славната пејачка Бритни Спирс е ослободен од обвинението за злоупотреба на деца, откако наводно имал инцидент со неговиот внук, пренесува „People“.

Откако Кевин Федерлин, поранешниот сопруг на Бритни Спирс и татко на деца, го обвини таткото на пејачката, Џејми, дека е вмешан во физички расправии со неговиот постар син, Шон (13), полицијата издаде ограничување, односно забрана за приоѓање.

Синот на пејачката немал модринки или повреди, но неговиот татко сметал дека ситуацијата е сериозна и треба да биде пријавена во полиција. Сепак, според обвинителството, нема доволно докази за поддршка на обвинението.

фото:принтксрин/Е

Во инцидентот присуствуваше и вториот син на Бритни Спирс, Џејден, по што Бритни ги однесе од таму.

– Таткото на Бритни треба да се фокусира на неговото здравје. Сето ова е многу стресно за него. Не верувам дека тој би ја загрозил врската со децата, бидејќи Бритни се плаши од губење на старателството – изјави извор за „People“.

To top