Актерката Шенон Доерти, најпозната по улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс 90210“, ги извести своите следбеници по информацијата што ја добила од болница дека ракот и се проширил на мозокот.
– На 5 јуни, КТ скен покажа метастази во мозокот. Вчерашното видео го прикажува процесот на поставување на маската што ја носите за време на зрачењето на мозокот. На 12 јануари се одржа првиот круг на зрачење. Мојот страв е очигледен. Јас сум екстремно клаустрофобична и ми се случуваа многу работи во животот. Имам среќа затоа што имам одлични доктори како др. Амин Мирахди и неверојатни техничари. Но тој страв, превирања, тајмингот на се. Вака може да изгледа ракот – рекла таа.
На актерката во 2015 година и беше дијагностициран рак на дојка. Една година подоцна, таа рече дека болеста се проширила на нејзините лимфни јазли. Во мај 2016 година, таа беше подложена на мастектомија. Една година подоцна, болеста отиде во ремисија, но веќе во 2019 година, Шенон дозна дека нејзиниот рак се вратил, се проширил и дека е во четврта фаза.
Фото: Принтскрин/Ројтерс/Профимедиа