Радио Милева

Стеван Анѓелковиќ откри детали од првата брачна ноќ

Стеван Анѓелковиќ откри детали од првата брачна ноќ

Стеван Анѓелковиќ и неговата партнерка Наташа ја крунисаа својата љубов со брак, а веднаш по градската венчавка се случи и прослава на која присуствуваа многу познати личности.

Кума на свадбата беше пејачката и некогашната победничка на „Ѕвездите на Гранд“, Милица Тодоровиќ.

Стеван истакна дека е подготвен да го промени животот од корен и да формира семејство со својата сопруга.

„Човек некогаш мора да повлече црта. Доста се шегував и бев опуштен маж. Некои работи мора на време да се направат, пример да формирате семејство“ вели Анѓелковиќ.

Тој вели дека на првата брачна ноќ заспал.

„Првата брачна ноќ гостите ни ѕвонија на врата бидејќи не може да се снајдат бидејќи не се од Србија. Откако ги сместивме, јас заспав“ изјави познатиот пејач.

To top