Поголемиот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Стефан Живојиновиќ тргна по стапките на неговата мајка.
Иако Живојиновиќ веќе не живее со неговите родители, тој смета дека не е доволно самостоен за да формира семејство односно да се ожени и да има деца.
Стефан потекнува од богато семејство, но тој вели дека не сака да биде зависен од неговите родители.
„Така е. Прво што треба да направиш е да бидеш стабилен и да имаш финансиска сигурност. Не можам да поднесам родителите да ми даваат пари за пелени за бебето. Затоа не размислувам за тоа, гледам да работам. Колку толку сум независен, но не е тоа – тоа“ вели Живојиновиќ за „Сцена“.
Младиот пејач неодамна раскина со девојката, а сега вели дека нема потенцијална партнерка и не брза да ја најде.
„Кога ќе биде, ќе биде јавно. Засега нема ни потенцијални, уживам и мислам дека се уште не е време за мажачка“ вели синот на фолк дивата.
За потсетување, младиот пејач неодамна ја издаде песната „У другом животу“ и истакна дека е посветена на неговата поранешна девојка од Бугарија.