Промотер

Стефан Величковски со музички подарок за денот на вљубените – „Остани со мене“ (ВИДЕО)

Стефан Величковски со музички подарок за денот на вљубените – „Остани со мене“ (ВИДЕО)

Нема посовршен ден за промоција на една љубовна песна од  денот на вљубените. Токму тој ден бившата Гранд ѕвезда,  Стефан Величковски на своите обожаватели, но на сите што веруваат и ја величата љубовта им го подари она што умее најдобро да го прави – својата нова песна „Остани со менe”.

Тимот што работеше на оваа нумера се добро познатите Александар Тарабунов (музика), неговиот татко, фолк легендата Ванчо Тарабунов (текст) и Драган Ристовски (аранжман), во чие студио „ДРД медија“ и е снимена песната.

Својата доверба за видео записот Стефан и ја довери на продукција “Арт медија” кои низ мистичната атмосфера и љубовниот танц на двајца млади ни ја величат љубовта. Текстот на песната ги содржи сите милозвучни зборови што една вљубена душа може да и ги каже на својата сакана: копнеж, радост, восхит, ветување… со еден збор љубов!

А ветувањето што Стефан Величковски им го даде на своите обожаватели го оствари: им подари песна што ќе допре до срцата на публиката и која ќе ја потпевнува уште долго време…. во името на љубовта.

Проследете ја новата љубовна тема на Стефан Величковски во продолжение: