Стружанецот Стефан Спироски празнично ја промовираше својата прва авторска песна „Овој Велигден“ со две верзии, на македонски и хрватски јазик. Тој ја направи музиката заедно со Александар Петрески. Хрватската верзија „Свети Дан” на хрватски јазик ја напиша познатата хрватска пејачка, Антонија Шола.
Спироски го истакнува посебното значење на оваа негова прва песна и со посветата на неговата девојка.
Видеото за оваа песна го изработи нашиот познат артист Виктор Апостоловски. Истото е снимано во преубавата Глобочица во Струга, а главната улога ја толкува стружанката Ивона Јованова.
Како сето тоа звчи изгледа, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):