Радио Милева
во потрага

Стефан Лазаров тажен по она што го снајде: Јутјуберот изгуби нешто драгоцено, па побара помош (фото)

Стефан Лазаров тажен по она што го снајде: Јутјуберот изгуби нешто драгоцено, па побара помош (фото)

Јутјуберот Стефан Лазаров животот го живее јавно, зашто јавното живеење му стана своевидна професија од која заработува.

Па така, споделувањето со јавноста и кога сегменти од неговата приватност се тој во прашање, тој нема проблем да биде транспарентен.

Сите најчесто ги објавуваме убавите нешта, но животот не е секогаш така розов, па неубавото вака или така некогаш не дојде. На Стефан на речиси четири месеци по свадбата го снајде нешто кое ни самиот веројатно не го помислуваше претходно – ја изгуби бурмата.

Симболот на бракот сега е на неопознато место или во нечии раце, а Стефан преку социјалните мрежи си ја кажа маката и побара помош за оние кои ќе почувствуваат емпатија, а би ја нашле и би му ја вратиле.

-Ако ме следиш и си ја зел, пиши ми дупло ќе ти ја платам од вредноста, ако ти е срам дај ја по некој другар нека не ми кажува кој си. Знаеш каде бев, у шкафче ја заборавив. Некои работи немаат цена. Чекам… – пишува Лазаров и чека, реакција, абер…

Ако не се најде светиот прстен, ние имаме еден религиски извадок, ако може  да му биде утеха.

Според цркловните верувања бурмата не го чини бракот, туку Божјата благодат според богоугодниот живот на брачниците. Св.апостол Павле токму за оние што изгубиле бурма вели: „Не се вознемирувајте, имајте едномислие со сопругот, се’ друго Бог ќе уреди!“.

Ако не се најде бурмата, Лазаров може да биде поспокоен.

Инаку, Стефан и Марта беа шест години во врска пред тој да ја запроси минатата година на стадионот „Камп ноу“ во Барселона, а потоа во месец јули направија голема свадбена веселба во Скопје.

фото:Инстаграм принтскрин/Стефан Лазаров

Останати вести од Радио Милева