Најпознатиот македонски јутјубер, водител и пејач, Стефан Лазаров, освен што неодамна ја побара раката на својата сакана, стигна да издаде и нова песна. Итоа не обична, туку еден тип своевидна химна, посветена на сите од неговата бранша, на македонските јутјубери насловена „YTMKD“.
Јутубот наш, првиот ден, првиот чекор, кој направи пред светот да си некој… За првите бројки но и првите болки, за патот што први го почнале, за нивната патека… Сето ова опеано во песна, спакувано во музички бит и снимено на видеоспот, кој Стефан Лазаров им го посветил на своите македонски Јутјуб пријатели.
Музиката и текстот се на Лазаров, а битот, миксот, мастерингот, како и пакувањето и режијата на видеото ги потпишува Дарко Јовановски.
Химна која уште повеќе ќе ги поттикне и здружи момчињата и девојките од јутјубот наш…
Проследете ја во продолжение „YTMKD“ на Лазаров (КЛИКНИ ТУКА), новата химна на македонските јутјубери.