Синовите на Лепа Брена имаат малку поинакви имиња.
Под овие имиња на јавноста и беа познати синовите на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Стефан и Виктор, но всушност не се викаат само така.
Поточно, двајцата имаат друго име, кое постои и во нивната официјална документација.
Како што Виктор и Стефан се родени во Америка, традиционално на таа страна од светот се додава средното име, па така во документите се прикажани Стефан Емералд и Виктор Ернест.
-Тие имиња се запишани во документите, но мислам дека нема потреба да се разобличуваат. Тие се чудни. Јас сум роден во Њујорк, а Виктор во Мајами и, како и сите американски граѓани, го имаме тоа средно име – изјави еднаш Стефан.
Стефан во една прилика призна дека не сака да го нарекуваат Емералд.
Сепак, Стефан и простил на мајка си што ги избрала овие необични имиња за него и за неговиот брат.
– Конечно ја разбрав. Таа е уметник и сакаше нашите имиња да звучат поинаку. Смарагдот е прекрасна тиркизна боја. Кога ќе размислам, се помирувам со моето име. Убаво е име кога ќе помислам на бојата, но кога ќе го претвориш во шега, кога ќе кажеш Есмералда, воопшто не е убаво – призна еднаш Стефан.
Но и синот на Боба од претходниот брак со Зорица Накиќ има две имиња – Филип Бранислав.
фото: Luka Šarac/ATA Images