Водителката Сања Маринковиќ, во својата емисија „Магазин ин“ проговори за естетската хирургија.
Водителката на телевизијата Пинк, со години нагласува дека не е поддржувач на естетската хирургија, а како што рече сега, девојката може да постигне извајана фигура со одење во теретана, а не само со вградување силикон.
– Никогаш не сум била љубител на пластична хирургија, но нема да распнам некого ако тоа му се допаѓа. Само не ми е јасно зошто младите девојки туркаат силикони каде и да стигнат кога со одење во теретана може да се постигне извајана фигура – изјави Сања.
-Поздраво е за целото тело, а не мора да се сечете за да изгледате убаво. Гледам некои девојки одат под нож само затоа што мислат дека не е возможно да го добијат ефектот што го дава силиконот во теретана. Ова не е вистина. Треба само да имате адекватен тренер кој точно знае кои вежби да ви ги препорача за да ја постигнете целта. Многу жени се мрзливи, па лесно наоѓаат изговори, има и тоа – рече Сања, која на споменатата тема неколку пати зборуваше во својата емисија „Магазин ин“.
Фото: Принтскрин/Ата Имаџес