Радио Милева

Статус посветен на Влатко Илиевски: Каде бевте сите на концертот на Морал? Серо** непрокопсани!

Статус посветен на Влатко Илиевски: Каде бевте сите на концертот на Морал? Серо** непрокопсани!

Сопственикот на КЛС продукција, Петар Георгиевски, познат како Камиказа, објави Фејсбук статус посветен на Влатко Илиевски кој беше пронајден мртов неодмана.

„Колега глумец и музикант Влатче! Почивај во МИР,

Каде бевте сите на концертот на Морал да му дадете поддршка на Влатче и бендот….Прочитав илјадници постови со жалење, а видов 100 тина луѓе на оваа прекрасна свирка…. Да ги почитуваме вредностите додека се живи и да им дадеме подршка, а не откога ќе биде касно!!!!

И да, од што отишол и зошто отишол овој свет е само работа на Влатче!!!! Серо** непрокопсани!

Почивај во мир колега и извини можеби малку доцна се простувам од тебе од X причини, но да знаеш!!!! Уживав на твојот последен концерт!!

Нека ти е вечна слава колега!!!“.

To top