Емисиите од новата сезона на “Ѕвездите на Гранд” почнуваат да се снимаат во понеделник, а во студиото на “Гранд” на Кошутњак се одржа состанок на главните ѕвезди на овој натпревар, во кој беа вклучени Снежана Ѓуришиќ, Марија Шерифовиќ и други. На состанокот не присуствуваше Аца Лукас, ниту Драгана.
Она што се дозна од состанокот е дека во новата сезона ќе има неколку новини.
Според Снежана Ѓуришиќ, жирито останува непроменето.
„Жирито не се менува. Она што е добро не треба да се менува. Она што го знам е дека остануваме сите ние што жириравме во претходните две сезони“ – рече Снежана Ѓуришиќ.
„Ѕвездите на Гранд“ ќе имаат нов концепт, но и нов дизајн и нова сценографија, која во голема мера е веќе завршена. Друга новина во шоуто е тоа што учесниците ќе имаат свои ментори и тоа од членови на жирито.
Водителската двојка ќе ја сочинуваат Воја Недељковиќ и Сања Кужет.