Старлетата Тијана Ајфон и нејзиното момче биле нападнати од непознат маж кој во еден момент им се заканил со нож.
Како што дознава Информер.рс старлетата и нејзиното момче имале трауматично искуство во близина на трговски центар:
– Тијана Ајфон и нејзиното момче вчера во Коњарник биле нападнати од извесен М.Т.(43), кој по расправија им извадил нож. Имено, тој и пришол и побарал да се фотографира. Бидејќи бил пијан, таа се исплашила и почнала да му вика на своето момче. Кога дотрчал, осомничениот почнал да бега. Тој влетал во куќата и излетал со нож, а потоа дошла полиција и го привела М.Т. – изјави добро информиран извор.
Старлетата неодамна се најде во центарот на медиумското внимание кога нејзината пријателка беше претепана од дечко и фрлена гола на тераса, пренесува Информер. Тијана тогаш не се огласи, но била поддршкла на пријателката кој доживеала насилство.