Радио Милева
естетски корекции

Старлетата го промени личниот опис: Ива Гргуриќ повеќе не ја препознава ниту сопствената мајка (фото)

Старлетата го промени личниот опис: Ива Гргуриќ повеќе не ја препознава ниту сопствената мајка (фото)

Старлетата Ива Гргуриќ го промени личниот опис со пластичните операции, а сега се појави во емисија каде ретко кој ја препозна.

Имено, Ива сега изгледа сосема поинаку, откако направи уште неколку операции и косата ја обои во црно. Таа гостуваше во „Амиџи шоу“ каде водителот Огњен Амиџиќ не ја препозна.

– Да, очите се мои. Не знам зошто рече дека не ме препознавте – се насмеа Ива.

Таа веќе некое време ужива во врска со бизнисмен со кој планира и свадба.

– Чекаме да застанеме на тој луд камен, но ќе почекаме уште малку – рече таа.

Инаку, старлетата изгледаше сосема поинаку во реалното шоу „Задруга“, а во една прилика проговори и за своите естетски операции.

– Па, не можам  да кажам дека сега направив нешто, отсекогаш сум била убава.. Ако нешто не е во ред со мене би се согласил и доктор Чолиќ и мислам дека сè направив со мерка. Ако навлеземе во детали, речиси го намалив носот, тоа е центарот на лицето, па свесна сум дека многу ми го промени изгледот, но повторно се правеше умерено – рече победничката на „Задруга 3“.

– Го извадив хијалуронот од уста. Знаете како, гледав некои постари видеа од „Задруга“, сакав да видам што треба да променам кај себе – наведува Ива, а потоа призна дека мажите сè уште не ја гледаат во очи кога разговараат со неа.- Не. .. Во што би гледале? Се движат кон нозете, па нагоре, паѓаат на градите, па дури потоа доаѓаат до лицето – открива Гргуриќ во емисијата „Магазин ин“.

 

Фото: Принтскрин/ Јутјуб/Амиџи шоу

Останати вести од Радио Милева