Промотер

Старата песна во ново пакување за новиот проект на Дарио – „Што је моје то ќе доќи“ (ВИДЕО)

Старата песна во ново пакување за новиот проект на Дарио – „Што је моје то ќе доќи“ (ВИДЕО)

Стотици љубители на музиката на нашиот Дарио Панковски се снимија себеси како ја пеат неговата најнова песна „Што је моје то ќе доќи“, односно хрватската верзија на „Што е мое ќе си дојде“, а снимките испратени од сите краеви на светот се најдоа во официјалното видео за што подобро да ја доловат пораката на оваа химна на позитивноста и надежта, која се роди како плод од соработката со еден од најголемите мотивациски говорници во регионот, неверојатната Ана Бучевац.

„Ви благодарам на сите, од Америка преку цела Европа и нашиот Балкан, па сè до Австралија, бевте прекрасни!! Имаше стотици ваши снимки и искористивме најмногу што можевме, а тоа беше претешко, верувајте. Неверојатно и импозантно е колку позитивна енергија, љубов, среќа, живот и вортекс има во само еден видео спот. Уживајте“, напиша музичарот објавувајќи го новото видео.

Автор на музиката е самиот Дарио, стиховите му се заеднички со колегата Кристијан Габроски, кој го направи и аранжманот, а видео продукцијата ја изработи заедно со Андреа Панковска, додека за графиката беше задолжен Бруно Панковски. Како изгледа и звучи сето тоа спакувано заедно, дознајте во продолжение.

 

 

To top