Радио Милева

Станува збор за огромна сума: Лепа Брена искешира дебело за да и купи вила на снаата

Станува збор за огромна сума: Лепа Брена искешира дебело за да и купи вила на снаата

Лепа Брена и нејзиниот сопруг неодамна купиле вила на Флорида за која платиле 1.5 милион долари.

Пејачката и Боба тогаш планирале вилата да ја подарат на Александра и Филип.

„Одлучија вилата да биде свадбен подарок на Александра и Филип. Така да, Александра која е бремена наскоро ќе замине во Мајами каде за време на бременоста ќе се одмара во сопствена куќа, тврди соговорник за порталот „Ало“ и додава:

фото: инстаграм

„Откако ги средија потребните документи, Брена и Боба ги поканија најдобрите архитекти. Куќата има три спални соби, три бањи, две гостински соби, како и теретана, спа, базен и поглед кон морето.

Изворот тврди дека за реновирњето Брена платила 500 илјади евра. Освен тоа ангажирала и послуга и две жени кои ќе се грижат за куќата.

фото: рајко ристиќ

„Брена не се сомневаше кога  стигна понуда од агенција. Така прават во Америка. Кога некоја куќа е на продажба, а треба брзо да се продаде, агенциите им се јавуваат на богати клиенти кои имаат можност да ја купат. Во прв план, им понудија замена за вилата која ја имаат на Флорида. Меѓутоа, кога видеа за каква вила се работи одлучија ништо да не менуваат туку да ја платат целата сума, вели изворот.

To top