Радио Милева
малтретирана или ограбена?

Тања Савиќ го пријавила сопругот во полиција: Семејно насилство или кражба?

Тања Савиќ го пријавила сопругот во полиција: Семејно насилство или кражба?

Фолк-пејачката Тања Савиќ, според извештаите во медиумите, неодамна имала жолчна  расправија со нејзиниот сопруг Душан по што, наводно, го напуштила нивниот заеднички дом и отишла кај родителите.

Неименуван извор рекол дека Душан наводно вчера ги земал децата од Савиќ, а кога пејачката денес се вратила во нејзиниот стан во Белград, таа не пронашла никој.

Српските медиуми јавуваат дека пејачката наводно го пријавила сопругот во полиција за психичко и физичко малтретирање. Тања Савиќ открива која е вистината откако осамна на насловните страници на српските магазини поради наводниот инцидент во семејниот дом.

Таа се огласи по овие пишувања и вели дека се наоѓа кај нејзините родители, а натписите „немаат врска со тоа што навистина се случило“.

„Сосетката ме повика да ми каже дека станот во Белград ни е ограбен, бидејќи неколку дена сум кај моите во Смедерево. Тоа е вистината и засега не можам ништо повеќе да кажам. Украдени се моите и пасошите на децата од местото каде ги оставив. Ќе им оставам на припадниците на полицијата да ја работат својата работа, изјави Савиќ за српски Телеграф.

Останати вести од Радио Милева