Радио Милева и кога мирува - „вознемирува“...

Станија од карантин „ги збудале“ соседите: Старлетата гола во домот, со стриптиз на балконот (ФОТО)

Станија од карантин „ги збудале“ соседите: Старлетата гола во домот, со стриптиз на балконот (ФОТО)

Српската старлета Станија Добројевиќ откако неодамна успеа да долета од САД во Србија, сега деновите ги минува сама во изолација во својот стан во Нови Сад. Но, како што е познато, ниту во нормални, а камо ли во вонредни околности старлетата не може да мирува, па така и сега почна да ги „вознемирува“ соседите.

Расната убавица не е навикната да биде многу облечена, па затоа и во крантинот се шета и слика соблечена, а жешките фотографии ги споделува на својот Инстаграм.

Версаче стајлинг од марама до танга, длабоко навлечена во извајаната заоблена задница и понекоја предизвикувачка поза за возбуда во неизмерна доза.

Само по гаќички, со излезени гради од длабоко деколтираната розова маичка, Станија има манија и овој пат да ја разбранува јавноста.

Но, на раскошната убавица како да не и беа доволни ни мноштвото еротски пози пред огледалото, па Станија реши да го провоцира маалото каде е лоциран нејзиниот дом со еротски танц на својот балкон.

Само по розови гаќички  и маичка на прерамки, старлетата ги надмина сите рамки, особено оние на пристојноста, ама на Станија и најважно да ја има во јавноста.

Затоа ги повика и папараците, кои ги фокусираа своите објективи, па ја ловеа разголената старлета како танцува и шета по терасата, правејќи жешки фотографии со кои оповторно ја запали масата.

А, Станија и тоа како знае добро тоа да го прави, дури и кога е меѓу 4 ѕида и зад затворенио брави. Старлетата гола во домот, со стриптиз на балконот!

 

To top