Радио Милева
скапоцена недвижност

Сталоне откри какво необично барање имала Адел кога ја купувала палата во Беверли Хилс (фото) 

Сталоне откри какво необично барање имала Адел кога ја купувала палата во Беверли Хилс (фото) 

Актерот Силвестер Сталоне пред година ипол објави дека ја продава својата величествена палата во Лос Анџелес.

Вилата е дизајнирана од Едвард Гранцбах, а изградена е во 1994 година и има повеќе од 1700 квадратни метри.

Иако првично сакаше да ја продаде палатата за 110 милиони долари, тоа не му успеа.

Имено, тој го продаде својот имот за 58 милиони долари на англиската пејачка Адел (35)

Минатата година таа  го купи замокот во Беверли Хилс чиј претходен сопственик беше актерот Силвестер Сталоне (76)

Сталоне требаше да ги исели своите работи, но Адел сакаше статуата на Роки, херојот на филмот што го прослави актерот, да остане таму каде што е – во дворот покрај базенот. Во спротивно немало да ја купи куќа.

„Таа ми рече дека ако ја извадам статуата од двор, договорот се прекинува“, рече Сталоне со насмевка за американските медиуми и додаде: „Адел има добар вкус.“

Актерот откри дека статуата се наоѓа кај базенот и е моделирана по сцената кога Роки се качува по скалите на музејот во Филаделфија.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева