Радио Милева

Сталоне и Ричард Гир за малку не се пресметале физички поради принцезата Дијана

Сталоне и Ричард Гир за малку не се пресметале физички поради принцезата Дијана

Благодарение на франшизите „Роки“, „Рамбо“ и „Платеници“, целиот свет знае дека Силвестер Сталоне знае добро да удри.

Излегува дека тој сакал да се пресмета со неговиот колега Ричард Гир во расправија поради наклонетоста кон принцезата Дијана. Елтон Џон во своите мемоари „Јас“, се присети на вечерата на која ги поканил сите тројца во својот дом во 90-тите.

Тензијата била толку голема што скоро кулминирала во тепачка меѓу познатите актери.

фото:гети/димитрос камбоурис

„Веднаш беше јасно дека Ричард Гир и Дијана имаат одлична конекција. Додека разговаравме, не можев да не забележам дека атмосферата во просторијата беше чудна. Од погледите беше јасно да Сталоне не му се допадна блискоста на Гир со принцезата. Тој воопшто не го сакаше тоа“, пишува Елтон Џон.

Пејачот беше исклучително добар пријател со трагично починатата принцеза. Оваа анегдота датира три или четири години пред нејзината смрт. Сталоне ја запознал принцезата на добротворен настан за деца во 1993 година и оставила голем впечаток врз него, пренесува „Men’s helth“.

фото: гети/тео варго/нбц

„Мислам дека се појави на забава со намера да ја собере Дијана, но тогаш виде дека неговите планови за таа вечер беа уништени“, додаде Елтон Џон.

За среќа, домаќинот успеал да ги раздели двајцата актери и Сталоне беше нервозен цела вечер.

„По вечерата, Дајана и Ричард Гир седнаа пред огништето, а Сталоне отиде дома во брзање“, пишува Елтон.

Тој исто така додаде дека Сталоне подоцна кажал дека никогаш нема да дојде на таа вечера, доколку тој знаел дека „шармантниот принц“ ќе биде присутен.

To top