„Честитки 30 години Комити! 70 години Вардар!“ со овие зборови близнаците од „Некст Тајм“ и со изведбата на „Слушам кај шумат шумите“ и „Ја излези Ѓурѓо“, ја подигнаа атмосферата на фудбалскиот дерби натпревар меѓу Вардар и Пелистер.
Стадионот „Филип Втори“ ечеше од песна и позитивна енергија, а Некст Тајм покажаа и докажаа дека направија македонска преработка со која се гордее секој Македонец.
„Комитите“, го славеа 30-тиот роденден и испишаа јубилејна историја, а она што се случуваше таму ќе ве наежи преку видео, а не пак таму, во живо – мерак за душа и срце.
Погледнете: