Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл, даде ново интервју во кое ја критикуваше својата ќерка што не го запознала со неговите внуци.
Принцот Хари и Меган Маркл имаат две деца, четиригодишниот Арчи и двегодишната Лилибет, а Томас (79) никогаш не ги запознал. Вели дека последен пат ја видел својата ќерка пред пет години, кога лежел во болнички кревет.
„Срцето ми е скршено и ужасно сум вознемирен. Сурово е да му се ускрати шансата на дедото да ги види своите внуци. Јас всушност можам да поднесам тужба против нив во Калифорнија, но не сакам да го направам тоа не е лош човек“, изјави тој за „Добро утро Британија“.
„Јас сум љубен татко и нема оправдување за ваков третман. Меган живееше со мене како дете, не можев да замислам во каква жена ќе се претвори. Таа не е личноста што ја познавав како ќерка, “ изјави Томас Маркл. На прашањето дали мисли дека принцот Хари е виновен за промените во однесувањето на неговата ќерка, Маркл даде интересен одговор.
„Таа има повеќе влијание врз Хари отколку тој врз неа. Ќе ја сакам засекогаш, но ја молам таа да ме контактира и да ми дозволи да ги видам децата. Луѓето поминуваат пет години во затвор, додека ние не сме се виделе. Не сум направил ништо лошо“, рече тој, а потоа се спореди со кралот Чарлс. „Ниту тој не направи ништо лошо и нема пристап до децата“, рече Томас.
Фото: Принтскрин/Профимедиа