Радио Милева

Српските медиуми тврдат дека Кеба и неговата сопруга ја блокирале Северина на Инстаграм

Српските медиуми тврдат дека Кеба и неговата сопруга ја блокирале Северина на Инстаграм

Темата за разводот на Северина и Игор Којиќ не престанува да биде интересна за српските медиуми, па често може да се прочитаат текстови за брачната криза на парот.

Овој пат, српските медиуми пишуваат дека семејството односно Кеба ,неговата сопруга и нивната наследница Наташа  на Инстаграм ја блокирале снаата Северина.

Игор и Северина се следат на оваа социјална мрежа, но не објавуваат заеднички фотографии.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/novi-detali-za-razvodot-na-severina-igor-kojikj-ne-se-vrakja-vo-hrvatska/

Како што пишува ало.рс, проблемите започнале во јуни оваа година кога Игор на Инстаграм за проблемите во бракот ги обвини медиумите, но и поранешниот сопруг на пејачката, Милан Поповиќ.

„Генерален спонзор на мојот брак – од доверли шумски извори. Доста е“, напиша Игор мислејќи на шпекулациите за разводот.

Меѓутоа, Северина тогаш ги спомна Кеба и Оља.

„Покровители се Оља и Кеба“, напиша таа.

Потоа, Оља и Кеба на социјалните мрежи ги избришаа заедничките фотографии со Северина, а многумина заклучија дека тоа е нивен одговор на целата ситуација.

фото: старс

Семејството Којиќ не било достапно да ги прокоментира овие пишувања.

Потсетуваме, неодамна Кеба ги прокоментира пишувања за разводот на неговиот син и пејачката, а за тоа може да прочитате тука.

To top