Пејачката Емина Јаховиќ кон средината на месец февруари објави порака во која наведе дека се разведува од сопругот Мустафа Сандал.
По речиси два месеци оттогаш, се појавија шпекулации дека тие се на чекор до помирување. Сега Емина проговори за вистината околу нивниот однос и потврди дека од продолжување на бракот, нема ништо.
-Што се однесува до помирување, не се смиривме. Нема ништо од тоа. Час не караат, час не помируваат. Се е како што кажав претходно на Инстаграм“, наведува пејачката во една емисија.
Инаку, сомнежите дека повторно се помириле, се појавија откако двајцата се појавија на натпревар каде играше нивниот син.
Потсетуваме, Емина и Мустафа беа во брак 10 години, а до разводот дојде како што наведоа, поради разликите кои постојат меѓу нив.