Радио Милева роденденско внимание

Српскиот ТВ водител опсипувајќи ја со комплименти, „се стопи“ пред бугарската пејачка Галена!

Српскиот ТВ водител опсипувајќи ја со комплименти, „се стопи“ пред бугарската пејачка Галена!

„Моето срце ќе пукне од толку многу љубов и внимание. За мене тоа се најубавите подароци и Ви благодарам бескрајно за нив“.

Ова го сподели бугарската фолк пејачка Галена по повод едно од изненадувањата за својот 34-и роденден. Ден пред тоа, изведувачката на Паинер беше специјален гостин на една од најпознатите српски телевизии, каде заедно со својот дует партнер Миле Китиќ  ја промовираа заедничката песна “Добро ли си?”

 

View this post on Instagram

 

Love You @galena1 ?❤ #galena #love #beutiful #likeforlikes #like4likes #likeforlike

A post shared by Galena ❤? (@galena_fanpage) on

Екипата на медиумот и даде мал подарок на пејачката – торта, а водителот на емисијата пак и додели комплименти до тој степен што и призна на Галена, дека токму таа е неговата омилена пејачка.

Меѓу повеќето емотивни честитки, сепак се покажаа најдраги честитките од фан клубот на ѕвездата:

„Денес е денот во кој ја обединуваме целата позитивна енергија, за да ти го честитаме роденденот на нашата сакана Галена. Душо, денес е твој посебен ден, но сакаме да знаеш дека сме до тебе 24 часа на ден, 7 дена во неделата и 365 дена во годината – и секогаш ќе биде така. Насмевката нека биде на твоето лице постојано и поводите да бидеш во одлично расположение да не запираат. Ти посакуваме секогаш да нови и нови врвови во кариерата и животот“!

To top