Раперот Ненад Алексиќ – Ша не е ни свесен какви проблеми го очекуваат кога ќе излезе од реалното шоу „Задруга 4“, а сето тоа поради авантурата што ја има со Тара Симов.
Ненад Алексиќ – Ша влезе во оваа сезона на реалното шоу „Задруга“ како среќно оженет човек. Сепак, тој наскоро падна на кокетирањето на заводливата Тара Симов, а последните недели нивната врска станува се’ поблиска.
Веќе некое време се шпекулира дека сопругата на раперот Ивана нема намера да ги толерира неговите испади во јавноста на телевизија и дека таа веќе поднела барање за развод. Неодамна беше фотографирана без бурма, но за Ненад и нивниот брак јавно се’ уште не проговорила.
Сепак, пријател на двојката открива дека Ненад наводно си го растурил бракот со Ивана по оваа врска со Тара и дефинитивно следува развод.
„Ивана се спакува пред 20 дена и поднесе барање за развод. Таа не сака да влезе во реалното шоу ниту за 100.000 евра за 3 месеци. Вели дека ионака дефинитивно ќе му земе половина од хонорарот, автомобилот, станот и двата локали“ – вели пријателот на двојката. Кога Алексиќ ќе го напушти реалното шоу, ќе се шокира штом ќе го дознае сето ова!
Се’ на се’ помеѓу брачната двојка следи раскол, а раперот надвор го чека пекол! Раперот во „Задруга 4“ влезе како женет човек, а ќе излезе „гол“… и без жена и без имот!