Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, замалку што не се онесвестил кога добил е-пошта од извесна Соња, девојка од Лондон, која тврди дека тој е нејзиниот татко?!
Утрово Ивица Дачиќ не криеше во утринската програма на една српска ТВ, колку бил затечен и шокиран од писмото што го добил од Лондон од извесна Соња, девојка која тврди дека тој и е татко на неа и нејзиниот брат и дека децата ги добил уште од првиот брак со нивната мајка.
Како што тврди девојката, тој никогаш не се развел од мајка и?!
Соња од Лондон тврди дека има дваесеттина години, а утрово на ТВ-програмата беше забележано дека не изгледа баш и толку млада, туку личли како да е поблиску до возраста на Дачиќ, па се поставува прашањето како Ивица воопшто можел да биде нејзин татко?
20-годишната девојка од Лондон му испратил е-маил на адреса на Собранието, кој службите веднаш му го доставиле. Во писмото, таа бара од Дачиќ неа и брат и да ги признае како негови деца, но и да им плаќа алиментација.
По тој повод, Дачиќ изјави дека писмото на непознато лице пристигнало во неговата канцеларија и дека му е жал за тоа што одредени луѓе добиле можност да го сторат тоа, за да го свртат вниманието на јавноста кон себе. Еве го писмото што таа му го напишала и спратила…
А, татко или не, тоа ако се покаже дека има потреба, допрва ќе се утврдува.