Радио Милева
за малку кобна „шареница“

Српскиот пејач беше на чекор до смртта, откако пеејќи во живо среде емисија во уста му влета пчела и го боцна во грлото!

Српскиот пејач беше на чекор до смртта, откако пеејќи во живо среде емисија во уста му влета пчела и го боцна во грлото!

Откако фолк-пејачот Ибро Селмановиќ доживеа бизарна несреќа во емисијата „Шареница“, тој реши да раскаже како се случила оваа драматична сцена, што го загрозила дури и неговиот живот.

Во моментот кога ја изведувал народната песна „Sвезда ја тера месечината“, го боцнала пчела во грлото, поради што подоцна завршил во болницата.

„Прво, не би му го посакал ова ниту на мојот најголем непријател. Мислам дека не се случило никому. На покана на РТС дојдов со син ми на Јахорина, од каде што програмата се емитуваше во живо. Излегов да пеам и видов пчела пред мене како лета, од десната страна. Мислев дека ќе си замине, а и не бев ниту во ситуација да можам да ја истерам, затоа што луѓето веројатно ќе помислат дека не сум нормален, да пеам во живо во програма и во исто време да бркам пчела“ – ја започнува приказната за „Блиц“ пејачот и продолжува:

„Никогаш не помислив дека ќе ме касне за крајниците. Таа ми влета внатре во устата додека пеев и одеднаш ме боцна. Се загрцнав и се свртев кон оркестарот за да им објаснам дека не можам да продолжам. Се обидов со кашлање да ја исфрлам, но никако не успеав. Кога некако ја завршив песната, луѓето се чудеа што ми е!? Веднаш ме одвозеа во болница на Пале, каде штом пристигнав, ми дадоа инјекција, ме прикачија на инхалатор, ми дадоа таблети против алергија и отоци. Лекарот рече дека можев да умрам, ако пчелата ми влетала во душникот. Кога ја сфатив сериозноста на проблемот, бев преплашен. Тогаш се загрижив дали сè ќе испадне на крајот добро- објаснува фолк-пејачот и додава:


„Уште ги чувствувам последиците. Секогаш кога ќе проголтам нешто, чувствувам болка во грлото. Верувај ми, тоа е како некој да зел мачета и да ви го пресече грлото“ – вели Селмановиќ, кој го прославил роденденот ден подоцна откако го имаше ова несекојдневно искуство.

Останати вести од Радио Милева