Откако светскиот тениски рекет број еден се соочува со невидена спортско политичка голгота која ги надминува сите нивоа на светски скандал, бројната поддршка од целиот свет не стивнува. Поддршка пред неговото мигрантско престојувалиште, протести во Мелбурн и Автсраклија, протести во Србија, бројни пораки на социјалните мрежи, цели емисии на телевизија, политички ангажман на највисокото српско раководство за да се истера, како што се вели „правдата на виделина“!
Во меѓувреме, додека Ноле се бореше да ја добие првата рунда на судското рочиште во што успеа, но со тоа го доби само „првиот сет“, ама се’ уште не и „мечот“, популарниот пејач Баја Мали Книнџа го поддржа најдобриот тенисер во светот на свој начин.
Имено, пред судењето одржано по повод случајот на Ноле, Баја во свој стил напиша песна за, како што ја наслови по него:, „Србин кој владее со светот со рекетот“, а неговата песна ја пренесуваме во целост: