Водителката и победничка на третата сезона на реалното шоу „Задруга“, старлетата Ива Гргуриќ, наводно влетала во љубовна врска со фудбалерот Немања Радоњиќ.
Двојката била забележана во еден ресторан во српската престолнина, додека „разменувале нежности“.
„Ива беше во локалот со пријателите, а со неа беше и фудбалерот Немања Радоњиќ. Двајцата беа многу блиски цела вечер, најпрво најмногу разговараа и се насмевнуваа еден на друг, а по некое време се опуштија и се зближија.
Немања ја прегрнуваше додека играа заедно, и во еден момент почнаа да се бакнуваат пред сите присутни гости“ – изјавил неименуван извор.
Фудбалерот на Херта во моментов е на одмор во Белград, а пристигна заради венчавката на репрезентативниот колега, Александар Митровиќ, каде беше гостин.
Или што би рекле, дојде кај туѓа невеста, а ќе се врати… можеби и со своја?
Фото: Инстаграм принтскрин/iva_grguric_princess/n.radonjic7