Младиот фолк пејач Никола Роквиќ покрена иницијатива да им помогне на старите лица за време на вонредна состојба, за која зборуваше и во утринската програма на ТВ Прва.
Роквиќ посочува дека е доволно луѓето кои најмногу треба да бидат дома и се повозрасни 65 години, да им се обратиш само со убав збор.
„Се започнува со убав збор. Оние луѓе кои се под најголем ризик, честопати е доволно само да ги прашате што им е потребно, без разлика дали станува збор за лекови или намирници, за нив тоа многу значи“ – вели пејачот и објаснува како започнала оваа иницијатива:
„Ние во маалото се собравме и го искористивме тоа што мене многу луѓе ме следат на Интернет, за да ја започнеме акцијата и да стигнеме до повозрасните луѓе. Кога веќе одиме во нашата продавница да го набавиме она што ни треба, тогаш лесно е и ним да им го купите она што им е потребно“ – наведува Никола, додавајќи дека не било лесно да се дојде до постарите лица, затоа што тие не ги користат социјалните мрежи.
И фудбалерот Лазар Марковиќ се вклучи во акцијата и им понуди помош на сениорите.
„Лазар и неговото семејство ја поддржаа акцијата и јас сум навистина горд на нашиот народ за нивната солидарност и да се бориме против ова зло заедно“ – вели Роквиќ, кој додава дека сите оние кои помагаат, ги почитуваат процедурите, носат маски и не им приоѓаат на старите лица, туку само ги остават продуктите на пропишаното растојание.
„Уште еднаш, ги повикувам сите да почнат од својот влез и од нивната зграда и да им помогнат на оние кои не се во можност да одат во секое време во продавница, како и да ги слушаат советите на лекарите“ – рече Никола во утринската програма на Прва телевизија во своето видеокол вклучување.