Српската новинарка и ТВ водителка Наташа Миљковиќ и нејзиниот поранешен сопруг Срѓан Тимаров неодамна се фотографираа заедно за насловната страница на едно локално списание, сакајќи да им покажат на сите дека правилна и пријателска врска може да се негува и по разводот.
Сепак, водителката не наиде на реакции што ги посакуваше, па затоа беше мета на осуда и навреди од многумина кои нивната врска ја нарекоа „нездрава“. Наташа не сакаше да остане должна, па им возврати на сите што напишаа негативни коментари на нејзиниот профил на Твитер.
„После многу двоумење, се фотографирав и дадов интервју со мојот поранешен сопруг. Нашата важна порака беше дека луѓето можат да бидат пријатели, поддршка, добри родители и по разводот. Најчестите коментари на тоа беа: „Перверзно… и признајте дека сакате свингерај“.
„Земјо моја, дали си моја?“ – напиша таа на својот Твитер профил.