Тијана Ајфон збесна кога ги погледна снимките од безбедносните камери што снимаат сè што се случува пред зградата во која живее. Снимките од камерите потоа таа ги сподели на социјалните мрежи со порака што јасно покажа колку е лута на девојката која се приближува и ги корне сите цвеќиња од бетонската жардињера во темницата.
„Клошаркое распадна! Да кажеше дека ти е убаво, ќе ти купев цел расад садници! Мајка ми дојде да ми го засади ова! Не ми е грижа за цвеќето, но некој се потрудил ова да го засади! Срамота!“ – напиошала беснеата Ајфонка.
За потсетување, Тијана неодамна започна нов бизнис со цел да има сигурен извор на приход за време на пандемијата на коронавирусот. Имено, Ајфонка реши да стане дизајнер на костими за капење, а линијата на бикини и едноделни модели со нејзиниот потпис треба да се најде наскоро во продажба.