Старлетата и поранешна ријалити натпреварувачка Тијана – „Ајфон“ гостуваше во една емисијата за познати личности, а по тој повод проговори за случувањата во Белата куќа. Тијана го коментираше однесувањето на нејзината колешка Виолета, која сподели страшна приказна од нејзиното детство. Виолета откри дека како девојче била силувана од селскиот свештеник, а по бурните реакции на учесниците кои имаа желба да ја заштитат и симпатиите на гледачите, следеше студен туш кога Ајфонка за неа изјави:
„Никој не бил силуван без причина!“ – рече Тијана која немаше пофални зборови за задругарката, а причина за тоа, како што наведе, е однесувањето на Виолета на забавите на кои таа провокативно тверка.
„Таа Виолета, сега народот ќе ме мрази, но не можеш да одиш од забава на забава и да вртиш со газот, а после 2 часа да кукаш како те силувал попот? Зошто мене никој не ме силуваше? Не давам повод, се чувам, се бранам! Ти си нешто како силувана, а потоа се набиваш на ќошињата од масата. Па, осудете ме, јас сум најлоша“ – рече Тијана и продолжи:
„Не можеш да ми плачеш поради тоа, а после тоа да зборуваш за големината на машките полови органи! Отворете очи луѓе, ми се гади од повеќето од тие животни приказни“ – немилосрдна е Тијана – „Ајфон“.
Фото: Инстаграм принтскрин/tijana_ajfon_fun_page