Пејачката Теа Таировиќ е приведена во Шведска. Фолкерката имала лисици на рацете, а полицаецот не се тргал од неа.
Во моментот кога е приведена таа била облечена во истиот фустан со кој настапувала, како и со истата фризура и шминка.
Како што пишуваат медиумите пејачката не се пресоблекла бидејќи рацијата се случила во текот на настапот, а Теа пеела само саат време.
За сега не е познато поради кое дело е приведена.
Да потсетиме, пејачката Теа Таировиќ пред неколку месеци беше приведена на аеродромот во Германија.
Тогаш беше фатена од финансиската инспекција, а кај неа наводно имала 30.000 евра, а дозволено е само 10.000 евра.
Фото: Принтскрин/Телеграф.рс