Радио Милева
и се намерачиле...

Српската пејачка ограбена: Крадците знаеле дека има настап далеку од дома, па ја „соголиле до гола кожа“ (ФОТО)

Српската пејачка ограбена: Крадците знаеле дека има настап далеку од дома, па ја „соголиле до гола кожа“ (ФОТО)

Српската пејачка Љупка  Стевиќ (36) се’ уште е во шок откако крадци и го ограбиле нејзиниот стан викендов. Провалниците очигледно знаеле дека станот е празен таа вечер, затоа што нејзиниот настап бил најавуван со денови порано, па го искористиле погодниот момент за кражба. Како што дознавме од добро информиран извор, тие влегле од задниот дел на зградата во која живее Љупка, ја искршиле влезната врата и провалиле во станот, каде направиле хаос и и ги одзеле сите скапоцености.

Кога дошла дома,пејачката  се шокирала. Сè било свртено наопаку. Не можела да поверува што и се случило и и’ требале неколку минути да сфати што се случило. Само што се освестила од шокот, повикала полиција и пријавила дека е ограбена. Припадници на Министерството за внатрешни работи дошле, спровеле истрага, направиле извештај и зеле изјава од пејачката.


Љупка, видно вознемирена и низ солзи изјавила за медиумите:

„Не знам што му згрешив на Бога што ми се случуваат вакви работи. Повторно ме ограбуваат и повторно поминувам низ пекол. Не можам да се смирам. Знам колку работам, а  ми се случува вакво нешто. Ова не е прв пат. Па, какви луѓе се тие? Како изгледаат? Хаосот е мојот живот. Ми зедоа сè, буквално сè што имав. На кого му згрешив?“ – се прашува  Љупка.

Да потсетиме, крадците на Љупка и го ограбија станот за прв пат во 2015 година, ден пред промоцијата на нејзиното видео со Снуп Дог. Арамиите  се протнале под оградата, а потоа ја скршиле вратата на терасата и извршиле кражба во станот. Тогаш и одзедоа скапа музичка опрема. По петнаесет дена, тие се вратиле на местото на злосторството и повторно ја ограбиле. Тогаш на Љупка и украле пиштол, накит и 1.000 евра во кеш. Вкупно, пејачката тогаш беше оштетена за околу 8.000 евра, додека сегашната штета се’ уште не е проценета.

Фото: Инстаграм принтскрин/ljupkastevic

Останати вести од Радио Милева