Српската пејачка Душица Грабовиќ гостуваше во емисијата „Пулсот на Србија“, каде ја изненади јавноста со шокантно признание дека има секси снимки и фотографии, но и тврдејќи дека во жешките акции од снимените видеа „подобра е од Северина“.
Пејачката уште еднаш привлече големо внимание со својата скокотлива изјава, а на прашањето како би реагирала доколку нејзината експлицитна содржина излезе во јавноста, таа имаше спремен одговор:
„Можеби би направил такво нешто, имам и снимки со поранешни момчиња, сите ги имаме скриени некаде во телефонот и тоа е нормално во 21-иот век.
Кога ќе излезе мојата снимка, сигурно би била подобра од Северина, секоја жена е најдобра за себе. Ги поддржувам жените од секој поглед и жал ми е ако некое поранешно момче го стори тоа за да и се одмазди“ – започна таа, а потоа продолжи:
„Имам домашни снимки со поранешни момчиња, кои често ги гледам, а секоја жена во Србија го има тоа“, истакна Душица Грабовиќ, пејачката која покажа дека не се срами дури и кога на настапите и ставаат бакшиш во нејзините гаќички.
Фото: Инстаграм принтскрин/dusicagrabovic