Радио Милева каде има чад, има и оган

Српската пејачка Ина се огласи по шпекулациите дека е во врска со Душко Тошиќ и има да каже само едно (фото)

Српската пејачка Ина се огласи по шпекулациите дека е во врска со Душко Тошиќ и има да каже само едно (фото)

Како бомба одекна веста дека фудбалерот и сопруг на една од најголемите српски музички ѕвезди, Јелена Карлеуша, е во врска со нејзината помлада колешка Ина Гардијан.

Како што прво напиша Информер.рс, Тошиќ и Гардијан се веќе извесно време во врска и планираат да застанат на „лудиот камен“, а единствено што ги спречува е неговиот, се уште валиден, брак со Јелена.

По тој повод од споменатиот медиум исконтактираа со Ина, која ги демантираше пишувањата.

– Ве молам не го пишувајте тоа бидејќи не е вистина. Ми испратија пријателите и единствено што можам да кажам е дека нема врска со љубовна врска – вели Ина Гардијан за Информер.рс

Да потсетиме, според извори на Информер, Душко и Ина се гледале подолго време, а парот претходно не се ни криел, па биле видени и како разменуваат нежности на сплав во главниот град, на приватна забава.

– Катарина таа вечер пееше на приватна прослава на Ада, каде што беше и Душко. По некое време, кога повеќето гости си заминаа, почнаа да разменуваат нежности пред присутните – вели изворот, додавајќи:

– Нивната врска е сериозна, се’ што го спречува Тошиќ да ја запроси е тоа што Карлеуша не му даде развод. Тие двајца често патуваат и се неразделни – заклучил изворот.

фото:Инстаграм принтскрин/Душко Тошиќ/ИнаГардијан

To top