Актерката Неда Арнериќ која пред месец ипол се обиде да се самоубие, пуштена е на домашно лекување.
Како што пренесуваат медиумите, на домашно лекување е пуштена пред десет дена, а нејзините најблиски не ја оставаат сама во станот.
Арнериќ е среќна што после 40 дена е дома.
„Добро сум , не грижете се. Одлично се чувствувам.Супер сум и се иде на подобро. Не грижете се“ кратко изјавила актерката за „Информер“.
Извор тврди дека за актерката се грижи блиска пријателка која откри дека Неда има големи планови да се врати на театарот.
За потсетување, актерката се обиде да се самоубие во нејзиниот стан, а ја нашол нејзиниот брат откако ја барал, таа не се јавувала на мобилниот телефон.