Популарната пејачка Сека Алексиќ синоќа настапи пред публиката во Ужице и на сите дами им приреди забава за паметење по повод Денот на жената. Таа се облече во ново руво, кое ги остави сите без текст, бидејќи изгледаше како милион долари!
Таа се појави во тесен фустан со леопард принт, а очигледно е дека никогаш не изгледала подобро. Сека носеше и ланче со крст, а целиот стајлинг го комплетирала со долги ракавици.
Долгата екстензија стана нејзин заштитен знак, па косата и „леташе“ на сите страни за време на настапот.
Она што многумина го забележаа е заносната позадина на познатата пејачка, која никогаш не била посилна, а мажите од публиката со насмевка гледале на нејзината линија. Сека е позната по своите облини, а овој пат реши да ги покаже, но на поелегантен начин.
Фото: Принтскрин/Давид Матана Мицовиќ/Ата Имаџес