Пејачот и поранешен учесник во релното шоу „Парови“, Зоран Јаковљевиќ, познат под естрадниот прекар „Зоран – Манијак“, е првиот забавувач во Србија, кај кој е потврдено присуство на коронавирусот.
Зоран сега е во болницата „Д-р Драгиша Мишовиќ“, од каде се јави на својот Фејсбук профил.
Во вторникот, тој ги објави своите наоди за да ги извести сите со кои контактирал, за да им сооптши оти е утврдено дека е позитивен на корона тестот.
„Епа вака драги пријатели, да не биде дека кријам нешто, секој од вас што беше во периодот од 10 до 14 март кога ја добив мојата прва температура, а јас бев во Ваљево и ќе ви кажам наскоро од кого ова го добив. Чекам да сејави, а молчи како пи*ка. Но, за тоа-потоа, денес јас бев префрлен во „Драгиша Мишовиќ“, условите се совршени. Толку! Ве сакам бескрајно, сите вас низ целиот свет!“ – напишал хоспитализираниот пејач.
На Фејсбук профилот на Зоран деновиве добива бројни пораки за поддршка и охрабрување од неговите пријатели и колеги.
Еден од оние што први се огласиле е пејачот „Мики-Меќава“, кој открил дека се слушнал со Зоран.