Последните неколку дена српските музички уметници се на мета на хакерите на социјалните мрежи.
Српските медиуми пренесуваат дека Лепа Брена, Слоба Радановиќ, Сања Маринковиќ се на удар на хакер кој е малолетен.
Петнаесет годишен тинејџер е уапсен бидејќи се сомнева дека ги хакирал профилите на Брена, Слоба, водителката Сања.
Во тек е истрагата која ќе покаже дали овој малолетник ги хакирал и профилите на бившиот пар Соња Вуксановиќ и Аца Лукас.
Српски Курир пишува дека против малолетникот е поднесена пријава, но и дека истиот ги уценувал познатите да платат одредена сума за да им ги врати профилите.