Ивана Панзаловиќ, српската актерка која пошироката јавност ја познава од хумористичниот серијал „Курсаџии“, во септември 2017 година, нејзиниот љубовник се обиде да ја убиеа потоа изврши самоубиство. Таа беше погодена со куршум во главата, по што следеа операции, но за среќа актерката се опорави.
Покрај сите улоги што ги имаше, Ивана во јавноста остана запаметена преку црната хроника кога нејзиниот вереник Срѓан Ц. – угледен белградскаи пластичен хирург, веројатно во налет на љубомора испровоциран од жестоката расправија, се обиде да ја убие, а потоа изврши самоубиство. Откако поминаа три години, Ивана откри како гледа на сето ова од оваа временска дистанца и дали и се враќаат сликите од таа ужасна сцена.
Таа работа е одамна минато за мене и јас сум фокусиран на сегашноста, на иднината, на мојата работа. Всушност, не сакам да зборувам и не зборувам за тоа. Она што сега го работам е важно за мене и јас сум посветен само на тоа. Ме има само во сегашноста и гледам само кон иднината“ – рече Ивана.
Ивана не се појавуваше долго во јавноста после непријатниот настан. Во еден момент, таа преку социјалната мрежа Инстаграм откри дека е повторно во врска и дека е среќна. После тоа, започна со пробите и таа му се врати на актерството, на професијата и на боксот, кој некогаш го тренираше.
Денес, актерката го живее животот во потполност и е многу активна на социјалните мрежи, а погледнете како изгледа денес:
Да потсетиме, јавноста зборуваше, а медиумите со денови објавуваа за сè што се случуваше во станот на Дедиње. Најпрвин за бегството од станот на нејзиниот љубовник, преку фрлањето работи низ станот, до пукањето во неа и самоубиството и нејзиното одење по улица додека целата крвава барала помош. Откако ја водеше битката за живот во првата недела од септември 2017 година, по тешката операција на мозокот, Ивана доби нов живот, кој сега повторно го живее во нова љубов со полни гради!.