Радио Милева
тајна врска

Српска мисица ја призна врската со Тошиќ, па праша: „Како можела Карлеуша фраерот Душко, да го замени со „сељакот“ Врањеш?

Српска мисица ја призна врската со Тошиќ, па праша: „Како можела Карлеуша фраерот Душко, да го замени со „сељакот“ Врањеш?

Владана Раилиќ, мисица од Белград на која и се додворувале и Душко Тошиќ и Огњен Врањеш, потврдила дека била во емотивна врска со сопругот на Јелена Карлеуша – пишува српскиот портал Ало. Деталите не сакала да ги открие, како ни точното време кога уживале едно во друго. За разлика од Тошиќ, на чие додворување одговорила, со Врањеш никогаш не сакала ни кафе да испие.

„Владана и Душко се гледаа неколку месеци. Се почна со допишување на Инстаграм, а  заврши со скапи подароци, вечери и патувања. Иако врската беше тајна, тие на јавни места се однесуваа како вистински вљубен пар“ – потврдил извор близок на манекенката.

Како што понатаму објаснил, врската морале да ја прекинат бидејќи сериозно се вљубиле еден во друг.

„Неа од самиот почеток и беше јасно дека тоа ќе биде кратко и тајно, како и тоа дека тој никогаш нема да ја остави сопругата. Меѓутоа не можеше ниту да претпостави дека би можела да се заљуби во него, како и тој во неа. Разделбата им падна тешко, ама беше неминовна“ – објаснува изврот.

Владана отпрвин не сакала да зборува за своето минато со Тошиќ, за на крај да ја потврди приказната.

„Јас ништо не би коментирала. Во долга и сериозна врска сум, од скоро и свршена и не сакам да зборувам за моето минато. Што било – било. Можам само да ви кажам дека Душко е прекрасен човек, татко и одличен фраер. Не ми е јасно како Јелена можела да го замени со онаков сељак како Врањеш?“ – рекла Владана и додала:

„Врањеш со години ми пишуваше и м се додворуваше, но со него не би пиела ниту кафе. Душко го знам одлично“ – била таинствена мисицата.

Фото: Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева