Благодарение на нивните грижливи родители, ќерките на Жељко и Јована Јоксимовиќ, близначките Срна и Ана, водат живот исполнет со внимание и љубов, а мама и тато донесоа важна одлука да не ги експонираат во јавноста.
Кога се роди синот Коста, радоста беше неизмерна, но со раѓањето на близнаците среќата стана целосна, а љубовта на сопружниците секој ден е се’ посилна бидејќи семејниот дом е исполнет со детски гласови.
Девојчињата кои неодамна го прославија својот петти роденден внесоа радост, смеа и забава во домот на Јоксимовиќ, а особено го шармираа нивниот постар брат Коста. Сепак, и покрај вртоглавата слава на родителите како и големиот интерес на медиумите за нивниот приватен живот, Жељко и Јована се цврсти во одлуката да ги поштедат своите деца од будното око на јавноста.
Затоа, не се знае начинот на кој Ана и Срна го прославиле роденденот, но се претпоставува дека како и претходните години нивните родители организирале забава од бајките во дворот на куќата.
Ќерките на Јована и Жељко Јоксимовиќ растат далеку од љубопитните очи, уживаат во своето безгрижно детство и љубовта што безусловно им ја пружаат членовите на семејството, а последен пат во јавност беа видени во април, кога се појавија да ја прослават педесеттата година на својот татко.
фото:Instagram printskrin