Андријана Јаневска се пофали за голема и неизмерна радост во нејзиното семејство кое стана поголемо.
Имено, нејзнината сестра, мецосопранот Николина Јаневска и нејзиниот сопруг, Италијанецот Џанлука, станаа родители за првпат.
Помалата сестра на Андријана роди здраво и живо машко бебе кое го носи името Александар.
Новопеченатата мама несебично пред своите пријатели и следбеници го покажа наследникот на социјалните мрежи со неодолива фотографија за запознавање.
Тета Андријана пак, се пофали на Фејсбук дека станала тетка, а честитките во коментари се редеа до негоглед.
За посетување, оперската певица Николина во 2019 се омажи со диригентот Џанлука и направија свадба во Италија, а оттогаш живеат и работат во Милано.
View this post on Instagram
Честитки!
фото: инстаграм принтскрин/фејсбук