Радио Милева сакал да си проба...

Среде настап, момче од публиката имало обид за непристоен гест врз пејачката: Катарина Грујиќ го удрила, па веднаш скокнало и обезбедувањето

Среде настап, момче од публиката имало обид за непристоен гест врз пејачката: Катарина Грујиќ  го удрила, па веднаш скокнало и обезбедувањето

Пејачката Катарина Грујиќ која на настапите го истакнува бујното деколте, откри дека на еден настап била задевана од едно момче од публиката, па за да се одбрани го удрила.

Пејачката не зборува многу за приватниот живот, проблемите или ситуациите на настапите, но во една прилика ја разголи душата и призна каква непријатност доживеала една работна вечер.

„Момчето се качи на сцената со намера да ми даде бакшиш за песната, но сакаше да ми ги пикне парите во деколтето, па јас веднаш реагирав“ – изјавила Каќа и додала:

„Веднаш го удрив по таа рака, а и обезбедувањето виде што се случува, па и тие реагираа. Така е во клубовите, не е секогаш супер, има ситуации кога некој од публиката сака песна и тоа е ОК, но се знае редот и какво однесување е соодветно. Не ми е јасно зошто треба да го направат тоа, за среќа ми се случи само еднаш и никогаш повеќе“ – изјави Катарина Грујиќ.

To top