Радио Милева Очи во очи

Средба на поранешните љубовници, од Џеј Ло со Пи Диди, до Бредли Купер со Ирина Шајк: Мет Гала експлодираше од непријатности (фото)

Средба на поранешните љубовници, од Џеј Ло со Пи Диди, до Бредли Купер со Ирина Шајк: Мет Гала експлодираше од непријатности (фото)

Кремот на забавната индустрија се собра на синоќешната Мет Гала, а кога има толку многу гости на едно место, за очекување е да се случат помалку пријатни средби, најчесто поранешни парови како Ким и Пит, Џеј Ло и П. Диди, Бредли Купер и Ирина Шајк.

Овој моден настан уште еднаш го потврди статусот на најголема и најгламурозен, како и претходните години.

Најголемите ѕвезди на забавната индустрија го окупираа црвениот тепих, а меѓу нив беа Ким Кардашијан, Кендал и Кајли Џенер, Џенифер Лопез, Џиџи Хадид, Ријана и бројни други познати личности кои се потрудија да заблескаат. Мет Гала оваа година се одржа во чест на починатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд.

А кога на едно место има околу 600 гости, тогаш за очекување е да се случат и помалку пријатни средби, како на пр. поранешни парови кои не исчезнаа синоќа во Музејот на уметност Метрополитен.

Сите ја коментираат средбата на поранешната двојка која беше заедно неполна година. Имено, додека Пит се смешкал од уво до уво и фасцинирано ја гледал својата поранешна девојка, таа воопшто не била импресионирана гледајќи го музичарот Ашер кој им се придружил во разговорот.

Диди и Џеј Ло беа „парот“ во 1999 година и траеја до 2001 година. Тие раскинаа на Денот на вљубените, а нивното појавување на Греми наградите во 2000 година се уште се памети, кога пејачката го одзеде здивот во една од најпознатите фустани на сите времиња – зелена Версаче со деколте до папокот.


Се сретнаа и актерот Бредли Купер и манекенката Ирина Шајк, фотографите беа таму да го ловат секој момет, но не забележаа ништо кое ќе го украде фокусот на забавата.

фото:EPA IMAGES

To top